Филантропистот и коосновач на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс изјави дека е затекнат од „лудите и злонамерни“ теории на заговор за него што се шират на социјалните мрежи во текот на пандемијата со Ковид-19.
Гејтс изјави дека би сакал да знае што всушност стои зад таквите обвинувања. Тој посочи дека зад обвинувањата против него и против американскиот инфектолог Ентони Фаучи се крие страв од заразата во комбинација со експанзиијата на социјалните мрежи.
– Кој би можел да помисли дека д-р Фаучи ќе биде мета на такви, навистина злонамерни теории. Многу сум изненаден и се надевам ддека тоа ќе престане, посочи Гејтс.
Меѓу големиот број на теории на заговор, најзастапена е таа дека Гејтс и д-р Фаучи намерно ја предизвиокале пандемијата за да воспостават контрола над населението и да се стекнат со профит, додека преку вакцината ќе се чипираат луѓето, со што ќе се овозможи надзор и контрола на движењето.