Чешкото Министерство за здравство издаде препорака за регионалните здравствени власти да ја одложат вакцинацијата со првата доза на вакцините против Ковид-19 во следните две недели.
Како и останатите европски земји, Чешка, исто така, се пожали на намалување на испораките на вакцината, која ја развија компаниите Фајзер/БиоНТек.
Во Чешка досега се заразени над 956.000 луѓе, а од последици на коронавирусот починале околу 15.800 пациенти.