Интересно работно место се отвори во службата на британската кралица Елизабета Втора. Имено, на официјалната веб-страница на Кралското се бара личност која ќе го води официјалниот профил на Инстаграм на Бакингемската палата.
Конкурсот е отворен до 7 февруари, а лицето кое во име на кралицата Елизабета ќе објавува фотографии на Инстаграм, ќе има плата од околу 32.000 евра годишно, плус бонуси што ќе може да ги заработи.
Она што се бара од кандидатот е „добро око за детали, креативност, дигитална писменост, а пожелна е и универзитетска диплома“, се вели во огласот.
“Нема да биде исто два дена. Ќе имате можност да напредувате во кариерата и да оставите свој белег во срцето на оваа позната институција”, се додава.