Тотенхем загуби од Ливерпул синоќа со 3:1 во дербито на 20. коло од англискиот шампионат. Ова е шести пораз на Спарс на домашен терен во нивните први 23 натпревари во Премиер лигата со Жозе Мурињо како главен тренер.
Претходно, ниту еден друг тим предводен од Мурињо не загубил толку многу средби на домашен терен.
Португалецот по 23 натпревари на домашен терен кога работеше во Челзи забележа пет порази, со Манчестер јунајтед четири, со Реал Мадрид три, а најуспешен беше со Порто со само една загубена средба.
Во тековната сезона, Тотенхем по 19 кола има 33 бода и е на 6. место.