Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека повредата на напаѓачот Хари Кејн е шанса напаѓачот на Спарс, Герет Бејл да се докаже.

– Ова е важен момент за Герет. Сега тој почнува да се чувствува подобро и подобро. Кога тим губи играч на ниво на Кејн, другите играчи мора да дојдат до израз. Се надевам дека Бејл ќе ни помогне, го цитира „Дејли мејл“ Мурињо.

Кејн се здоби со повреди на двата скочни зглоба на мечот од 20. коло во Премиер лигата против Ливерпул (1:3).

Бејл игра за Тотенхем на позајмица од Реал Мадрид. Во сезоната 2020/21, 31-годишниот Велшанец одигра 14 натпревари за Спарс, постигнувајќи четири гола.