Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вечерва го постигна првиот гол сезонава во италијанското првенство, придонесувајќи во триумфот на Наполи над Парма на домашен терен со 2:0 (1:0).

Наполи дојде во водство со дебитантскиот гол на Елмас во 32 минута, а триумфот на домаќините го завери Матео Политано во 82 минута.

За Елмас, кој вечерва одигра 77 минути, ова е втор гол во серија во дресот на Наполи, откако македонскиот играл за врска беше прецизен и во четвртокот, во триумфот од 4:2 над Специја во италијанскиот куп.

Наполи со ефект од 12 победи, шест порази и еден нерешен натпревар во моментов е четвртопласиран во Серија А, со девет бодови помалку од лидерот Милан.