Албанскиот претседател Илир Мета денеска изјави дека земјата е прва во Европа по број на смртни случаи од коронавируси и оти владините мерки за спречување на ширење на вирусот не успеале.

Тој на својот Фејсбук напиша дека албанската Влада не успеала да заштити човечки животи.

Во исто време, тој ја повика албанската влада да изготви конкретен план за да се спречи понатамошна загуба на животи.