Русија протера тројца европски дипломати- германски, полски и шведски, поради нивното присуство на нелегалните митинзи за поддршка на уапсениот руски опозиционер, Алексеј Навални, објави ЕУ Обсервер, повикувајќи се на извор од ЕУ.

Според информации на порталот, постапката била реализирана во текот на прес-конференцијата на високиот претставник на ЕУ, Јозеп Борел, и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Москва.

Борел од вчера се наоѓа во официјална посета на Москва.