Со одлука на папата Франциск Французинката, Натали Беквар, е именувана за потсекретар на Епископскиот синод, со што таа претатвува првата жена во Ватикан која е поставена на функција со право на глас, пишува весникот „Гардијан“.
Натали Беквар е една од двете нови потсекретарки именувани во синодот, тело што се занимава со главните прашања на доктрината на Римокатоличката црква и во кое таа е советник од 2019 година.
-Назначувањето на Беквар ја покажува желбата на понтифот за поголемо учество на жените во процесот на анализирање и донесување одлуки во црквата, изјави генералниот секретар на Синодот, кардиналот Марио Грец.
Тој додаде дека номинацијата „ги отвори вратите за Натали Бекарт и нејзината можност да учествува на гласањето“.
Во работата на синодот учествуваат бископи и кардинали кои имаат право на глас, како и експерти кои не можат да гласаат.