Велика Британија нема да воведе ковид пасоши за вакцинација, но од патниците ќе биде побаран доказ (за вакцинација) од нивниот лекар за да можат да заминат во други земји, изјави денеска британскиот министер за вакцинација Надим Захави.
-Во моментов, не размислуваме да воведеме пасоши како дел од програмата за вакцинација, изјави Захави за „Скај Њуз“.