Најмалку 15 луѓе загинаа, а повеќе од 160 се водат како исчезнати откако вчера пукна и се оддели глечер во северна Индија и предизвика лавина и поплави.

Инцидентот се случил вчера во областа Чамоли во дистриктот Утаракханд на Хималаите, околу 2.000 метри надморска височина, а населението е евакуирано.

Парчињата глечер оштетија две хидроелектрани и пет мостови на реката Алакнанда.

Спасувачите пронајдоа 15 беживотни тела на различни места во дистриктот Утаракханд, а спасени се 25 луѓе.

Дистриктот Утаракханд во 2013 година беше погоден од монсунските дождови, а во поплавите загинаа околу 6.000 луѓе.