Нашите институции се стручни, прецизни и сите податоци се точни од прв до последен, за што пред јавноста се презентираат со дневна динамика на известување со точни бројки и факти, соопшти денеска владејачкиот СДСМ и истовремено за ширење лажни вести ја обвини опозицијата.
Во продолжение целото сооопштение од „Бихаќска“:
Нема поголем извор на лажни вести од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски што беше потврдено и со студија финансирана од Европската Унија.
Од почетокот на пандемијата, па се до денеска, ВМРО-ДПМНЕ прави се за до го поткопа здравствениот систем во државата, а во таа насока се и денешните небулози пласирани од белиот дворец.
Таквите тврдења не се точни и никако не можат да бидат точни. Нашите институции се стручни, прецизни и сите податоци се точни од прв до последен, за што пред јавноста се презентираат со дневна динамика на известување со точни бројки и факти. Не постои можност анализите и податоците на здравствените власти да бидат лажирани затоа што се сублимат од повеќе независни извори, а податоците се објавуваат во реално време, на дневно ниво.
Впрочем, високи претставници на Светската здравствена организација во неколку наврати ја имаат поздравено транспарентноста на Министерството за здравство.
ВМРО-ДПМНЕ со ништо не придонесува во борбата против коронавирусот. Напротив, со лаги и конструкции се обидува да го поткопа здравствениот систем, да ги понижи здравствените работници. Затоа се во опозиција, за тоа шест пати се поразувани од граѓаните.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста