Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење заштита на лице, регистрирани се 509 прекршоци, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со КОВИД-19.