Штитеници во домот за стари лица Санкт Мариен во германскиот град Белм се заразиле со британската мутација на коронавирусот откако ја добиле и втората доза на вакцината на Фајзер/Бионтек.

Домот за стари лица ја поминал целата криза во коронавирусот без заразени, сè до почетокот на февруари, кога била утврдена британската мутација, дури и меѓу ревакцинирани штитеници.

Сите во тој дом биле ревакцинирани, но откако секојдневниот брз тест кај една негувателка бил позитивен, било утврдено дека и 14 штитеници се заразени со британската мутација.

Сите штитеници ја примиле втората доза од вакцината на Фајзер/Бионтек на 25 јануари и не е јасно кога се заразиле.

Штитениците немаат тежок облик на болеста и претежно се асимптоматски.