Доктор Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација вечера во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма изјави дека вакцината на Фајзер, која само што е стигнала во „оваа земја“ уште од пред два месеци, ама некаде заглавила, мора да се регистрира, дека ние сме сакале тоа да го сториме, но дека производителот постави неколку критериуми кои што морале да се адаптираат.
-Ние сакавме да ја регистрираме вакцината на Фајзер, но од друга страна производителот поставува некои критериуми, законодавни, односно регулаторни барања кои што вие мора да ги адаптирате и тој процес на регистрација на лековите навистина е еден многу јасно дефиниран со законски регулативи процес, рече Грозданова.
Но Филипче велеше нешто друго. Ако се сеќавате, на 21 јануари, по изјавата на српската премиерка Брнабиќ дека Македонија не може ни донираните вакцини да ги прими зашто е не спремна, министерот за здравство на нашата земја Филипче, изјави:
„Првите дози на вакцината ‘Фајзер’ која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8.000 дози вакцини кои од Србија треба да пристигнат во нашата земја ќе бидат со интервентен увоз. Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на ‘Фајзер’ кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво коешто е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа. Србија е единствената земја во целиот регион каде има локално претставништво на ‘Фајзер’ и тоа на некој начин им ги забрза работите. Но, и тоа не е пречка свесни дека е таква нашата законската регулатива, производителот ‘Фајзер’, се согласи првите количини вакцини кои ќе дојдат во нашата земја и преку директниот договор, но и преку помошта од Србија да дојдат со т.н интервентен увоз, за што има законска регулатива и за тоа не треба регистрација“, рече тогаш Филипче.
Како што гледате, тие први количини од Фајзер уште доаѓаат, за вечерва Грозданова да каже дека мора регистрација. Зошто досега не е извршена, и зошто немаме вакцини од Фајзер, иако стручњаците не се сигурни како овој нов тип вакцина функционира, засега нема објаснување.