Недела-неработен ден за сите е дискутабилно законско решение во многу земји, изјави Ангел Димитров претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија.
Тој истакна дека имаат забелешки на драфт верзијата за законската регулатива за недела – неработен ден во Македонија.
– Црна Гора го воведе, па сега сака да го промени повторно. Се плашиме дека одредени дејности нема да бидат земени предвид. Мора да функционираат одредени дејности, и за истото мора да се најде решение. Со синдикатите не се сложуваме поради тоа што сметаат дека ако недела не е работен ден, слободниот ден треба да биде понеделник или сабота, што значи дека има дејности кои вакви строги одредби не можат да се воведат, истакна Димитров, во гостувањето во Топ тема.