За пописот поранешната директорка на Државниот завод за статистика Благица Новковска во „Трилинг“ во 24 Теелвизија, во бројни критики вели дека пописот е добро осмислена манипулација, критериуми за тоа кои ќе бидат блиски лица нема во Методологијата, а соседите не можат да даваат приватни информации за лицата предмет на попишување, таа очекува со пописот да се запре.
-За тие дилеми кој може да ги дава податоците за другите, според моите сознанија не знам каде даваат податоци за членови на семејство, лица кои не се членови на семејствата, како илустрација да спомнам во Методологијата, а тоа е и вообичаено прашање се прашуваат женските деца над 11 години колку имаа живородени деца, дали имале починати деца, кои комшии ги знаат тие интимни податоци ? – праша Новковска.
Таа вели дека Законот и Методологијата имаат многу контрадикторности, нема критериум за тоа „кој најдобро ги знае“ лицата кои ќе бидат предмет на попишување.
-Ова е добро осмислена манипулација, ако е дадена можноста да се даде само единствениот матичен број и не е дефинирано никаде на кој начин тоа ќе биде потврдено, вели Новковска.
Таа критикуваше дека базите на податоци не се квалитетни, не се ажурирани и не се подготвени да бидат предмет на овој процес на попишување, за пример ја даде базата на податоци која секогаш е со позитивно салдо, но реалноста е дека иселвањето е големо во нашата земја, како и недостатокот од одредени податоци како образованието на граѓаните кои се иселуваат.
-За тоа колку лица ни заминале од државата, мои претпоставки се дека во последните 15-тина години се повеќе од 300.000 граѓани, која бројка беше презентирана од Светската банка која што е иституција која ги следи токму овие движења, ако се почитуваат дефинициите, а сигурна сум дека истите се изместени, тогаш ние не треба да очекуваме повеќе од 1.700.000 жители во Македонија, објасни Новковска во „Трилинг“.