Спроведување на жалостната поворка во спомен на генералот Христо Луков денеска е прекината по наредба на градоначалничката на Софија Јорданка Фандакова, јави дописникот на МИА.
Полицијата почна да ја извршува наредбата на градоначалничката на Софија и ја растури групата луѓе пред Националниот дворец на културата – НДК. Неколку минути по 17.30 часот учесниците почнаа да се собираат во областа на Националниот дворец на културата, но поворка нема да има.
Во меѓувреме, Врховното администртивно обвинителство (ВАП) го упати министерот за внатрешни работи и градоначалникот на општината на главниот град (СО), во рамките на нивната надлежност со закон, да преземат мерки за усогласување со важечките прописи со цел да се заштити јавниот ред и заштита на правата на сите граѓани во случаи на опасност при т.н. Луков марш. Канцеларијата на градоначалникот се согласи само да се „положат венци” на улицата Тракија 1.
Министерството за надворешни работи на Бугарија ја изрази својата целосна поддршка за општината Софија и сите други одговорни институции, кои уште еднаш го забранија и спречија „Луков марш“. „Овој алармантен приказ на антисемитизам, ксенофобија, омраза и нетрпеливост нема место на софиските улици“, истакна бугарското МНР.
Бугарската Влада доследно и категорично го осудуваше Луков марш. Тоа е антитеза на непоколебливата и силно изразена традиционална толеранција на бугарското општество, смета Кабинетот во Софија.
Христо Луков е генерал, воен министер од 1935 до 1938 година.
Во своите мемоари, Митка Грбачева тврди дека дека одбила писмо од извесен Ангел Илиев, кој се преставил како близок пријател на Луков. Илиев и тврдел дека на погребот на Луков, резервниот генерал мајор Узунов, раководител на разузнавањето во Министерството за одбрана, односно војна, добил телеграма од германската армија во која стои дека во Холандија, била откриена банкарска сметка на име на Луков со 75 милиони гулдени на нејзе, пари кои биле провизија за оружјето што Луков, во име на Владата на Бугарија го набавувал од Хитлерова Германија.
Во писмото Илиев ја замолил Грбачева, да го провери тој факт во архивите на Министерството.
Од 1942 година до смртта, Луков е главен водач на Сојузот на бугарските нациоанални легиони, организација која е крајно десничарска и фашистичка. Убиен е во атентат извршен од комунистите на 13 февруари 1943 година. На опелото присуствува и царот Борис.
Во Бугарија многу историчари сметаат дека тој е водач на фашистичка организација, но има и такви со спротивни мислења