Европската комисија денеска повика на забрзување на адаптацијата на постојните вакцини против Ковид-19 на новите сорти на вирусот.
Повикот се однесува и на производителите кои треба да се посветат на прилагодување на вакцините на новите видови, но и на Европската агенција за лекови, која треба да го олесни процесот на одобрување на „надградени“ вакцини.
ЕК проценува дека процесот на подобрување на вакцините против новите видови на вирусот треба да биде сличен на веќе постоечкиот брз процес, кој се применува во случајот на грип и неговите мутации.
„ЕМА веќе ги разгледува минималните барања потребни за прилагодување на постојните вакцини да бидат активни против новите видови на вирусот и да одржува високи стандарди за безбедност и ефикасност“, наведува Комисијата.
Дискусиите за новиот систем за забрзано одобрување на вакцините против Ковид19 во ЕУ се закажани за среда.