Американката Серена Вилијамс се расплака за време на прес-конференција откако ноќеска загуби од Јапонката Наоми Осака со резултат 3:6, 4:6 во полуфиналето на Австралија опен.
Прво, тенисерката се пожали на голем број грешки, по што еден од новинарите ја праша како се чувствува по напуштањето на Австралија опен, особено со оглед на досегашната добра игра.
– Не знам. Јас завршив – одговори Серена и со солзи ја напушти прес-конференцијата.