Македонската опера и балет вечер од 20 часот во Скопје ќе одржи гала оперски концерт, на кој ќе бидат изведени дела на Штраус, Моцарт, Росини, Верди, Чајковски, Бизе, Доницети, Пучини и Лехар.
На програмата се арии од најпознатите опери, како „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Макбет“, „Евгениј Онегин“…
Ќе настапат баритоните Ристе Велков и Драган Ампов и сопранистките Билјана Јосифов, Злата Тошевска и Ана Ројдева, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Иван Еминовиќ.
Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на оперскиот концерт.