Девојката во која полицијата пукаше и ја погоди во главата за време на протести во Мјанмар почина утрово, изјави нејзиниот брат.
Мја Твет Кине (19) беше погодена на демонстрациите минатата недела во главниот град Нејпјид. Оттогаш беше во болница.
Видеото снимено во моментот кога била погодена покажува дека таа бега од водени топови и дека одеднаш паднала на земја. Куршумот ја прободел кацигата што ја носела.
Тоа е прва потврдена смрт на демонстрациите што почнаа по воениот удар во Мјанмар на 1 февруари.
Портпаролот на воената хунта не демантираше на прес-конференцијата претходно оваа недела дека полицијата го ранила девојчето, но изјави дека таа е во групата што фрлала камења кон полицијата.
Демонстрантите неделава почнаа да ја славата Мјa Твет Кинe како хероина на протестите.