Во скопската општина Ѓорче Петров попладнево се случи вооружен инцидент при кој е пукано е во полициски службеник.
Неофицијално, ранетото лице е син на поранешен верски лидер во Македонија, а станува збор за Зекљуљ Реџепи.
Според МВР, околуу 16:40 часот пријавено е дека во Скопје, на кружниот тек во н. Ѓорче Петров кај црквата Св. Петар и Павле, лице од возило „голф“, пукало кон возило “мерцедес”, во кое бил полицискиот службеник З. Р.
Според првичните информации З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во ГОБ „8-ми Септември” за укажување на помош.