Во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 154 мерки на територија на Град Скопје, информираат од МВР.
– Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои 28 за непочитување на брзина на движење, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 17 санкции за користење на мобилен телефон, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за некористење сигурносен појас и 51 мерка за непрописно паркирани возила, известуваат од МВР.
Министерството испраѓа апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.