Германскиот пратеник од партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Николас Лебел изјави денеска дека веднаш ќе се повлече од националниот Парламент затоа што добил мито за посредување при набавка на заштитни маски за локалните власти.
– Со цел да спречам понатамошна штета на мојата партија, се повлекувам од Бундестагот, нагласи во соопштение Лебел, член на Христијанско-демократската унија (ЦДУ).
Лебел беше критикуван откако вчера изјави дека ќе се повлече од парламентарниот клуб на ЦДУ, но дека ќе го задржи своето место во Долниот дом на Парламентот до општите избори во септември.
Тој најави дека ја напушта политиката, откако беше откриено дека неговата приватна компанија остварила профит од трговијата со маски на самиот почеток на пандемијата на коронавирусот.
Критики стигнаа од опозициските партии, но и од неговата, бидејќи беше откриено дека неговата приватна компанија заработила 250.000 евра со тргување со заштитни маски на самиот почеток на пандемијата.