Секој ден нов скандал. Драги Рашковски како генерален секретар на Владата набавил софтвер за следење на сообраќајни прекршоци за потребите на МВР, со народни пари, а МВР не знаат ниту дека истиот постои, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целото соопштение од опозициската партија:
Рашковски фрлил народни пари, за систем кој 8 месеци не е во функција.
Драги Рашковски потрошил државни пари за софтвер кпј не само што не е приоритет во време на пандемија, туку истиот сега воопшто не е во функција. Драги Рашковски само за ова треба да лежи во затвор.
Владата платила софтвер, за кој никој не знае дали воопшто некогаш ќе се користи.
Драги Рашковски да каже, зошто го набавил софтверот, ако МВР не знаат за него, тоа значи дека воопшто не го ни побарале. Кого прашал Рашковски и врз база на која анализа и потреба е купен софтверот?
Дали набавката на софтверот е уште еден “Леонардо вил вин”?
Ја повикуваме МВР веднаш да каже дали нарачеле софтвер од Рашковски, и дали тој за тоа добил овластување од влада.
Владата да каже како во време на пандемија воопшто дозволиле набавка на неприоритетна опрема?
Колку вакцини можеле да се купат со парите кои Рашковски ги фрлил за софтверот кој никој не го користи?
ЈО да го испита случајот и да се види целиот процес при набавка. А доколку се колеба и е во сорабтка со Заев тој ќе биде истражен по промената на власта наскоро. Одговорност ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ