Плоштадот спроти Амбасадата на Русија во Вилнус наречен е по рускиот опозиционер Борис Немцов, а рускиот амбасадор во Литванија, Александар Удалцов истакна дека одлуката е „мотивирана од политички причини“.
Градскиот совет на Вилнус во мај одобри да се именува плоштад по Немцов, критичарот на рускиот претседател Владимир Путин.
Немцов е убиен пред три години во Москва.
Градоначалникот на Вилнус, Ремигијус Симасиус изјави дека тоа е „одавање почит на сите демократи во Русија“, а претходно шефот на литванската демократија Линас Линкевициус го оцени како значителен гест.
Рускиот амбасадор Удалцов изјави дека Вилнус „го имитира“ Вашингтон, каде претходно делот од Авенијата Висконсин пред Амбасадата на Русија беше именуван по Немцов.