Италијанско-руската стопанска комора соопшти дека Рускиот фонд за директни инвестиции потпишал договор со швајцарската фармацевтска компанија „Адиен Фарма & Биотек“ за заедничко производство на вакцината Спутник В во Италија.
Стопанската комора најави дека таквиот потек отвора пат за создавање на првиот производствен погон за Спутник В во Европа, чие производство е планирано да почне во јуни.
Според договорот, очекувањата се дека во Италија до крајот на годинава би можело да се произведат околу 10 милиони дози на вакцината Спутник В.