Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов и 8 Март го искористи за нова провокација кон Македонија.
Тој на социјалните мрежи објави фотограгија на тн. голема Бугарија на која се наоѓа и територијата на Македонија.
-Традиции, семејство и чесност. Бугарија над се, напиша Каракачанов.
На оваа фотографија коментираа низа корисници на социјалните мрежи, меѓу кои и голем дел македонски граѓани. Оценуваат дека со ова Бугарија покажува дека има територијалните претензии кон други држави, вклучувајќи ја и Македонија.