Ерменскиот премиер Никол Пашињан соопшти дека началникот на Генералштабот на ерменската армија Оника Гаспарјан е разрешен од должноста.
Пашињан, кој е на власт од 2018 година, се соочува со криза во земјата откако армијата побара од него да се повлече од власта.
Пашињан тој потег го нарече обид за воен удар и се обиде да го смени началникот на Генералштабот, но претседателот Армен Саркисјан, кој е врховен командант, одби да го отстрани Гаспарјан од таа функција.