Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева објави на Твитер дека добила позитивен резутат на ПЦР-тест за ковид-19.
Од бугарското МНР соопштија дека таа е во добра општа состојба и ќе ги извршува своите должности од дома.
Како што пренесуваат бугарските медиуми, за време на изолацијата, неа ќе ја заменува заменик-министерот Петко Дојков.