Додека целиот свет е во јагма по вакцини, Владата предводена од СДСМ, прави секакви напори за набавка на вакцини преку сите можни канали, а писмо со намери било доставено на преку десетина фирми од неколку држави, истакнува во денешното соопштение владејачкиот СДСМ.
Вообичаено во сите соопштенија од владејачката партија, вината за се се префрла на опозицијата, почнувајќи од неизградениот Клинички центар, па до празните фрижидери за вакцини на премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Подолу го објавуваме целото соопштение на СДСМ:
Кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ очигледно се уште силно е присутна режимската матрица и навиките за криминално и коруптивно дејствување, па во сé гледаат провизии.
Нема ништо противзаконско во набавката на вакцините од НР Кина.
Додека целиот свет е во јагма по вакцини, Владата предводена од СДСМ, прави секакви напори за набавка на вакцини преку сите можни канали, а писмо со намери било доставено преку десетина фирми од неколку држави.
Со ова потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што лажните вести на Мицкоски, ги брани Антонио Милошоски, осуден и казнет за кривични дела во Германија покажува колкав е очајот во белиот дворец.
Од ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија видовме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем и лажна загриженост за здравјето на граѓаните.
Центар за односи со јавноста на СДСМ