Поранешните американски претседатели Џими Картер, Џорџ В. Буш, Бил Клинтон и Барак Обама ги повикаа своите сонародници да се вакцинираат.

На видеото објавено денеска, со наслов „Од тебе зависи“, четворицата поранешни жители на Белата куќа ја нагласуваат потребата од вакцинирање.

Обама изјави дека „Ова вакцина е синоним за надеж“, додека Клинтон вели: „Сакам да се вратам на работата и повторно да можам да се движам надвор“.

Додека Буш рече дека со нетрпение чека повторно да биде на преполн стадион за да ја бодри бејзбол екипа на Тексас Ренџерс.

– За да се победи пандемијата, важно е нашите сонародници да се вакцинираат, истакна Буш.

Друго видео, исто така објавено денеска, покажува како поранешните претседатели и нивните сопружници се вакцинираат.