Министрите за надворешни работи на земјите од Г7, вклучувајќи ги и САД, изразија сериозна загриженост поради кинеското влијание врз изборниот процес во Хонгконг.

Како што тврдат земјите од Г7, загрижени се поради кинеската одлука суштински да ги урнат демократските елементи на изборниот систем во Хонгконг.

Г7 соопшти дека неодамнешната одлука за промена на изборниот систем во Хонгконг укажува дека властите во Кина се одлучни да ги елиминираат спротивставените гласови и мислења во Хонгконг.

– Ги повикуваме Кина и властите во Хонгконг да ја вратат довербата во хонгконгшките политички институции и да го прекинат неоправданото угнетување на оние кои промовираат демократски вредности и одбрана на правата и слободите, се додава во соопштението.