Денеска се одбележува 40 години од формирањето на Единицата за специјални задачи Тигар.
Во касарната Илинден, државниот врв предводен од претседателот на Владата Зоран Заев положи свежо цвеќе пред споменикот изграден во чест на загинатите припадници на ЕСЗ Тигар.
Покрај логото, ЕСЗ Тигар добива и ново име. Од денеска наместо Единица за специјални задачи Тигар, се преименува во Специјална антитерористичка единица Тигар.