Потпретсдателот на СДСМ и генерален секретар на Владата, Мумамед Зекири, за Balkan Talks вели дека пописот во 2012 преминал од статистички во политички и затоа пропаднал, додека најавениот од 1 април годинава ќе биде успешен  и дека Албанците ќе се пребројат реално.

-Законот е усогласен според европските стандарди, во 2012 година пропадна заради политизација на регистрацијата, каде што сакаа регистрација да ја спроведат надвор од законот и овој процес беше прекинат, вели Зекири.

Тој одговара на полемиките на македонската опозиција за пописот, велејќи дека „без Албанците нема Северна Македонија“.

-Никој не може вештачки да го зголеми бројот, но тие имаат проблем со начинот на размислување за политиката. Македонија нема држава без Албанци и нема држава без свои граѓани. Треба да го гледаат тоа како статистички процес. Правата што ги добила една заедница секогаш ќе бидат тука засекогаш и ние ќе го спроведеме овој попис до крај, вели Закири.

За спорот со Бугарија, поранешниот пратеник вели дека македонската страна е во постојан контакт со бугарската заради негово решавање, додека руските и кинеските вакцини биле избрани заради здравјето на луѓето, но вели „се знае дека нашата насока е кон Западот“.