Барајќи го правиот пат, уплатил ли Венко Филипче на сметка на Стабри Интернешенал 12.5 милиони долари на сметка во Дојче банк?- побара одговор на денешната прес конференција пратеникот Миле Лефков.
Го пренесуваме текстот од прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ:
Министерството за здравство на сметка на Стабри Интернешенал, фантом фирма од Хонг Хонг уплатила 12.5 милиони евра за 200.000 вакцини. Документ издаден од Дојче банк на 25 јануари 2021 година, која требала да послужи за склучување на договор со Синофарм за купување на 200.000 вакцини за потребите на Македонија го потврдува тоа.
Од каде и на фирма со тројца вработени 12.5 милиони долари и дали овие пари, се парите кои македонската влада на Заев и Филипче ги уплатила како аванс за набавка на вакцини?!
Ова е доказ дека Заев и Филипче плаќаат 62.5 долари за една вакцина.
Податоците кои ги објавуваат медиумите е дека една вакцина на Синофарм чини најмногу до 32 долари.
Дали Заев и Филипче сакале да купат вакцина по цена двојно поголема од таа што ја плаќаат другите држави.
Зошто Заев и Филипче сакале да платат дупла цена од најскапата?!
Ова е профитерство на сметка на здравјето на граѓаните.
Дали разликата од 30 долари требала да заврши на други сметки, односно на сметка на фантомската Стабри Интернешенал, за потоа преку оф шор сметки да бидат испумпани парите и да завршат во џебовите на функционерите од врвот на власта?!
Заев и Филипче да кажат каде требало да завршат 6 милиони долари?!
ЈО да не молчи и да се прави ненадлежно, туку да го испита случајот, во кој минимум 6 милиони долари ќе завршеле во приватни џебови.
Очекуваме институциите да постапат согласно закон, а Филипче да си даде оставка веднаш.