Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се сомнева дека дефанзивците Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез ќе имаат време да се опорават од повредите за Евро 2020.

Двајцата играчи во моментов закрепнуваат од тешки повреди на коленото.

– Информацијата што ја добив укажува на тоа дека нивното учество на евро-шампионатот е малку веројатно. Се надеваме дека ќе можат да започнат во новата претсезона со нас. Ако можат да тренираат со нас, ние ќе бидеме среќни, но јас не размислував за ЕП, изјави Клоп за „Скај Спорт“.

Дваесет и деветгодишниот Холанѓанец се повреди на 17 октомври на натпреварот од 5. коло во Премиер лигата против Евертон (2:2), додека 23-годишниот Гомез (23) се здоби со повреда на коленото во ноември 2020 година додека беше во репрезентацијата на Англија.