Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Еден Азар може да биде опериран во наредните недели.

Според „Марка“, Белгиецот сè уште страда од проблеми со скочниот зглоб, а тоа може да биде причина за сите повреди на мускулот што ги доби играчот неодамна.

Сега придружбата на фудбалерот разговара за ситуацијата со клубот и инсистира на операција. Најверојатно, Реал ќе се согласи на ваква интервенција. Доколку се изврши операцијата, тогаш Азар најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната. Неговото учество на Евро 2020 исто така ќе биде под знак прашалник.

Азар има постојана болка во скочниот зглоб по операцијата што ја мина во Далас во март 2020 година по повредата која ја заработи против ПСЖ на 26 ноември 2019. Тогаш клубот се обиде да ја третира штетата со конзервативни методи, но овој метод не вроди со плод. Потоа, Азар замина на операција. Во последниве недели, болките во глуждот што ги доживеа играчот за врска се засилија.

Белгиецот додека е во Реал Мадрид, веќе пропушти 320 дена – земајќи ги предвид повредите и коронавирусот претрпен минатата есен.