Се повеќе Руси не ја сметаат Русија за европска земја, а овој тренд е особено изразен кај младите, покажува студијата на Левада центарот.
Анкетата покажува дека само еден од четворица Руси се смета себеси за Европеец.
Шеесет и четири отсто од луѓето што живеат во Русија сметаат дека нивната земја е неевропска. Во 2019 година, 55 отсто од Русите беа со такво мислење, а 52 отсдто изразија верување дека Русија е европска земја.
Луѓето постари од 55 години, најмногу ја перцепираат Русија како европска земја – во 33 отсто од случаите. Во исто време, 71 отсто од испитаниците на возраст меѓу 18 и 24 години ја идентификуваат својата земја како неевропска.
„Уделот на Русите кои се доживуваат како Европејци исто така се намалува, иако не толку брзо“, велат социолозите во нивната студија. Меѓу испитаниците на возраст од 18-39 години, 23 отсто се идентификуваат како Европејци.
Во исто време, Русите се повеќе веруваат дека Западот се плаши од Русија.
Во 2018 година, ова мислење го делеа 25 отсто од испитаниците, а во 2021 година – 18 отсто. Уделот на оние кои сметаат дека Западот е загрижен за Русија е околу 23 отсто. Во исто време, само 12 отсто веруваат дека Западот кон Русија се однесува со почит. Анкетата е направена меѓу 18 и 24 февруари.