Фудбалската репрезентација на Естонија ја откажа организацијата на натпреварот од мундијалските квалификации против Чешка на домашен терен поради рестрикциите поврзани со Ковид-19 и го закажа мечот на неутрален терен во Полска.

Фудбалската федерација на Чешка соопшти дека натпреварот што требаше да се игра в среда во Талин е преместен во полскиот град Лубин.

Чешките фудбалери кои играат во Бундеслигата, Јиржи Павленка, Партик Шик, Владимир Дарида и Павел Кадаребак ќе ги пропуштат следните два квалификациски натпревари, против Белгија на 27 март во Прага и против Велс три дена подоцна во Кардиф, откако нивните клубови побараа играчите по мечот во Полска да се вратат во Германија за веднаш да го почнат задолжителниот двонеделен карантин.