Министерството за здравство денеска инфомира дека во последните 24 часа како последница од коронавирус починале 25 лица на возраст од 61 до 91 година.
-Пет пациенти од Скопје, од Тетово – 3, од Прилеп, Гостивар и Кавадарци – по 2 починати и по едно починато лице е пријавено од Штип, Велес, Охрид, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Пробиштип, Валандово и Кратово. Сите пријавени се починати во болнички услови, соопштуваат од Министерството.
Со извршени 2.730 тестирања во изминатото деноноќие регистрирани се 642 нови случаи на Ковид-19.
Вчера беа потврдени 24 смртни случаи од кои најмладиот починат е на возраст од 35 години.
Инаку, фотографијата на Филипче е од денешното негово гласање за „лидерот“. Нашата партија се демократизира, се пофали Филипче, иако не е јасно какво е тоа глумење на демократија при гласање со „еден е изборот“.