Математичарот од Бугарската академија на науките (БАН) проф. Огњан Кунчев ијзави за Нова ТВ по повод затворањето на ресторани, трговски центри и јавни места од понеделник, дека „она што треба да се случи во следните 10 дена е резултатот од она што се случи пред 20 дена. Коронавирусот има многу долг период на инкубација – од 3 до 15 дена. Доколку нема заострување на мерките, ќе има уште подрастично зголемување на заразените. Ако бидат затегнати, тогаш бројот на заразени за 10 дена ќе биде околу 2.000 луѓе на ден, во споредба со сегашните 4.000 во Бугарија“.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според проф. Кунчев, работите во Бугарија треба да бидат контролирани до мај. Според професорот, Ковид-19 е сличен на многу начини со сезонскиот грип, кој исто така мутира.
БАС направи долгорочна прогноза што покажува што ќе се случи со смртноста од коронавирус.
„Имаме песимистичко и не толку песимистичко сценарио. Ако немаме вакцини, бројот на жртви од Ковид-19 до јуни 2022 година може да достигне 58.000. Во моментов, според официјалните податоци, има 300.000 заразени во Бугарија. На нив има 12.000 мртви. Имајте на ум дека има и многу ненајавени случаи. За да добиеме реална бројка, треба да помножиме 300.000 најмалку чеири пати. Значи, ние добиваме милион и 200.000 илјади. Меѓутоа, ако се вакцинираме, работите изгледаат многу подобро“, објасни професорот.
Според проф. Огњан Кунчев, четвртиот бран на Ковид-19 во Бугарија и низ целиот свет ќе дојде во септември.