Во Полициската станица Берово вчера во 19:37 часот било пријавено дека во с.Мачево, Беровско, биле забележани 10 мигранти од Бангладеш, кои потоа биле приведени од страна на полициски службеници.

Како што соопшти МВР, по извршеното документирање, мигрантите биле предадени во Полициската станица за граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка.