САД ги осудуваат санкциите што Кина ги воведе кон двајца американски државјани и сметаат за неосновани, јави ТАСС, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„САД ги осудуваат неоправданите санкции на Кина против двајца членови наамериканската Комисија за меѓународна верска слобода, кои очигледно беа воведени како одговор на американските санкции против кинеските власти за сериозно кршење на човековите права во Синџијанг“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Кина вчера соопшти дека воведува санкции за поединци и организации во САД и Канада како одговор на санкциите наметнати врз кинески граѓани и организации во врска со почитувањето на човековите права на Ујгурите, јави Синхуа.

Кина ќе воведе санкции против Гајл Манчин, шеф на американската Комисија за меѓународна верска слобода и на Тони Перкинс, заменик претседател на комисијата.

Санкции ќе бидат воведени и против канадскиот пратеник Мајкл Чонг и на канадскиот парламентарен комитет за човекови права, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.

Забрането е влегување на овие лица и членови на Комисијата на територијата на Кина, Хонг Конг и Макао. Синхуа соопшти дека санкциите се одговор на постапките на тие две земји, кои на 22 март воведоа „еднострани санкции за соодветни физички и правни лица во Синџијанг, засновани на дезинформации“.