Романот „Воскресение Experience патот на духот“ од Мирче Нешовски денеска на пладне ќе биде промовиран во Домот на градежници.
Промотор на делото ќе биде проф. д-р Христо Петрески.
Мирче Нешовски е роден во 1951 во Скопје, а дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил на постдипломски студии на Филозофскиот факултет во Белград. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Автор е на романите „Experience“, „Врховниот шеф на ѓаволот“ и „Кабинетот на министерот Фауст“.