Репрезентацијата на Белорусија вчеравечер на гостински терен загуби од Белгија со 8:0 во квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство 2022 година.

За Белорусите ова е најголемиот пораз во историјата на националниот тим.

Претходниот антирекорд беше поставен во 2003 година на квалификацискиот турнир за Европското првенствo 2004 година, кога Белорусите загубија од Австријците со резултат 5:0.

Репрезентацијата на Белорусија го зазема четвртото место во групата Е, со три бода од два натпревара, Белгија е прва со седум бодови од три средби.