Со 95 гласа „за“ и 12 „против“ Собранието го одложи пописот од април за септември. За законот има и бадентерово мнозинство. Против гласаа единствено пратениците од албанската опозиција Алијанса/Алтернатива.
Статистичката операција се одложува по договорот Заев-Мицкоски. Според измените, пописот ќе почне на 05 и ќе трае до 30 септември, а очекувањата се дека поголем дел од граѓаните до тогаш ќе бидат вакцинирани. До тогаш тече и попишувањето на дијаспората преку онлајн апликацијата.
За опозицијата важно е да има измени во делот на попишувањето на дијаспората, односно таа само да се евидентира.
Пратениците денеска ги донесоа и измените на Изборниот законик за набавка на читачите за отпечатоци за прст и одложување на локалните избори за втората половина на октомври. Вечерва поминаа и повеќе економски закони.