Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20л/м2) проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд, кој повремено ќе биде пороен, проследен со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 20 степени.
Во недела ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час). Дневните температури позначително ќе опаднат, особено во северните делови. Потоа во следните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневните температури.