Во последните 24 часа во Украина се регистрирани 20.341 заразен со коронавирусот, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата, соопшти министерот за здравство Максим Степанов.
Според него, од последниот пресек, починале 396 лица.
Степанов на Твитер напиша дека во истиот период се хоспитализирани 5.186 лица.
Од почетокот на пандемијата, во Украина биле заразени 1.731.971 лице, од кои 34.075 починале.